
Полицијата го лишила од слобода Н.Н. (60) од Гостивар и поднела кривична пријава против него поради сомнение за „трговија со луѓе“ по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Според МВР, тој во текот на 2025 и 2026 година ја принудувал својата 80-годишна мајка да питачи, а парите што ги добивала ги користел за свои потреби.
МВР се сомнева дека пријавениот ја искористил зависноста на мајка му од туѓа помош. Таа користи инвалидска количка и не може самостојно да ги извршува секојдневните активности. Според пријавата, тој подолг период ја носел на локација во Гостивар, останувал во близина за да ја надгледува, а потоа насилно ѝ ги одземал парите.























