
Дел од корисниците во општините Студеничани и Кисела Вода утре, 7 ноември 2026 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето.
Од 08:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците во селата Вртекица, Рамни Габер и Пагаруша, како и Долно Маало во селото Долно Количани. Прекинот е поради реконструкција на среднонапонскиот далековод на делницата Пагаруша – Вртекица.
Во Кисела Вода, од 09:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „Христо Татарчев“ број 24.























