УТРО.мк

Утре без струја делови од три скопски општини: Прекини до шест часа

Утре без струја делови од три скопски општини: Прекини до шест часа
Vero

Дел од корисниците во Гази Баба, Сарај и Кисела Вода утре, среда, 4 ноември 2026 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето.

Во Гази Баба, од 08:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Никола Киров Мајски“ и „Благоја Стефковски“. Прекинот е поради одржување на трафостаниците „Маџари 18“ и „Маџари 19“, кое опфаќа чистење, проверка на опремата и долевање масло.

Во Сарај, од 09:00 до 10:00 часот, прекин ќе има за дел од потрошувачите зад џамијата, на улиците „1“, „3“ и „5“.

Во Кисела Вода, од 09:00 до 12:00 часот, најавено е исклучување на улицата „Саса 2“.

Дополнително, од 10:00 до 13:00 часот, без струја ќе биде дел од улицата „Коста Новаковиќ“, од „ЗУР маркет 5“ до крајот на улицата, кај салата на Јеховините сведоци.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран