УТРО.мк

Утре без струја делови од Скопје: Во Чаир прекинот ќе трае шест часа

Утре без струја делови од Скопје: Во Чаир прекинот ќе трае шест часа
Vero

Дел од корисниците во Кисела Вода, Чаир и Гази Баба утре, 5 ноември 2026 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето.

Во Кисела Вода, од 08:00 до 11:00 часот, без струја ќе биде дел од улицата „Коста Новаковиќ“, од „ЗУР маркет 5“ до крајот на улицата, кај салата на Јеховините сведоци.

Од 08:30 до 12:30 часот, прекин е предвиден за дел од корисниците на улицата „Димо Хаџи Димов“, на потегот од раскрсницата со „Марко Орешковиќ“ до крајот на „Димо Хаџи Димов“.

Во Чаир, од 09:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат потрошувачите на улиците „Архиепископ Ангелариј“, „Дичо Зограф“, „Јорганџиска“ и „Макариј Фрчковски“, како и црквата „Свети Спас“ и Националниот конзерваторски институт. Прекинот е поради работи во трафостаницата „Стара чаршија 2“.

Во Гази Баба, од 09:15 до 11:30 часот, без струја ќе биде дел од населбата Колонија Идризово, поради работи во трафостаницата „Колонија Идризово 3“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран