УТРО.мк

Ќе заврши ли американската помош за Израел две години пред истекот на договорот?

Ќе заврши ли американската помош за Израел две години пред истекот на договорот?
Vero

Израелскиот претседател Исак Херцог изрази загриженост по најавата на Доналд Трамп дека САД би можеле да ја прекинат годишната помош за Израел до крајот на 2026 година. Трамп не прецизираше кои средства би биле опфатени, а американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, изјави дека побарал појаснување, пренесува Си-Ен-Ен.

Херцог рече дека најавата дошла „како гром од ведро небо“. На средбата со претставници на партијата „Јашар“, предводена од Гади Ајзенкот, тој потсети дека меморандумот со САД треба да важи до 2028 година и дека зачувувањето на договорената поддршка е еден од приоритетите на Израел. Со меморандумот се предвидени 3,8 милијарди долари американска воена помош годишно.

Трамп ја даде изјавата во интервју за „Фокс њуз“ на денот на изборите за американскиот Конгрес. Тој го нарече Израел приоритет за Вашингтон, но рече дека на земјата повеќе не ѝ се потребни тие средства. Според Си-Ен-Ен, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дотогаш немал јавно реагирано на најавата.

Прашањето за американската помош се отвора додека Израел се обидува да формира нова влада. По консултациите со парламентарните партии, Ајзенкот добил поддршка од 67 пратеници, а Нетанјаху од 46. Херцог треба да одлучи кому ќе му го довери мандатот, а Нетанјаху ќе остане технички премиер до формирањето нова влада.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран