УТРО.мк

Позајмил пари за лекување на сопругата – Позајмици, закани и фиктивни договори, се бара притворза тројца

Позајмил пари за лекување на сопругата – Позајмици, закани и фиктивни договори, се бара притворза тројца
Vero

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари и изнуда. За тројца е побаран притвор од Основниот кривичен суд Скопје, додека четвртиот осомничен подолго време е надвор од државата.

Според Обвинителството, групата што ја формирал првоосомничениот кумановец од 2021 година изнудувала пари со закани, користејќи ги претходните позајмици за да врши притисок врз оштетените.

Во еден од случаите, жена позајмила 4.000 евра и се договорила за еден месец да ги врати со камата од 2.500 евра. Според Обвинителството, таа го вратила целиот договорен износ, но првоосомничениот потоа побарал да ја користи нејзината сметка за да префрла пари прибавени со изнуда. Кога одбила, почнал да ѝ се заканува и да бара автомобилот да послужи како залог за наводни долгови.

Обвинителството се сомнева дека биле изготвени фиктивни договори поврзани со автомобилот и со наводен заем од еден милион денари. На договорите за залог и заем, според истрагата, бил фалсификуван потписот на жената, а документите биле заверени на нотар без нејзино знаење. Врз основа на договорите, сопственоста на автомобилот била префрлена на еден од осомничените, а жената била принудена да го плати и наводниот долг.

Нотарот е осомничен за несовесно работење во службата. За него Обвинителството побарало мерки на претпазливост.

Во друг случај опфатен со истрагата, маж во 2021 година двапати позајмил по 180.000 денари за лекување на сопругата. Иако ги вратил парите според договорите, осомничените, според Обвинителството, продолжиле да му бараат дополнителна камата. Се сомневаат и дека го принудиле да им дозволи да ја користат неговата сметка за да префрлаат пари од изнуди, прикажани како заеми, а потоа да ги подигаат во готовина.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран