УТРО.мк

Од понеделник се менува начинот на плаќање во Банките: Што треба да знаат граѓаните и фирмите?

Од понеделник се менува начинот на плаќање во Банките: Што треба да знаат граѓаните и фирмите?
Vero

Од понеделник, 9 ноември, почнува примената на новите стандарди во домашниот платен промет. Денарските сметки ќе се прикажуваат во ИБАН-формат, досегашните уплатници ќе се заменат со нови платни налози, а ќе се променат и шифрите за намената на плаќањата.

Пред постојниот број на денарската сметка ќе се додава префиксот „MK07“. Граѓаните и фирмите нема да треба да отвораат нови сметки или да ги префрлаат средствата. Банките ќе ги направат потребните приспособувања во електронското и мобилното банкарство, а клиентите треба да ги следат упатствата на својата банка за тоа како да го внесуваат бројот на сметката.

Досегашните обрасци ПП10, ПП30, ПП40, ПП50 и ПП53 ќе бидат заменети со стандардизирани налози во хартиена и електронска форма. Се менуваат распоредот и содржината на полињата, а кај одредени налози ќе се бараат и адресни податоци за плаќачот и примачот.

За намената на домашните денарски плаќања ќе се користат ознаки од четири знаци, усогласени со меѓународниот стандард ISO 20022. Граѓаните и фирмите што веќе подготвиле налози за извршување од понеделник натаму треба да проверат дали е внесена соодветната нова шифра. За девизните трансакции и за денарските плаќања во кои учествува нерезидент остануваат соодветните трицифрени шифри за плаќања со странство.

Компаниите што испраќаат налози автоматски или преку сметководствени програми треба да проверат дали нивните системи ги поддржуваат новите формати. Според Македонската банкарска асоцијација, промените се дел од модернизацијата на домашниот платен промет.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран