УТРО.мк

Објавувал епизоди од ТВ-серија на Фејсбук без дозвола: Кривична пријава против скопјанец

Објавувал епизоди од ТВ-серија на Фејсбук без дозвола: Кривична пријава против скопјанец
Vero

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривична пријава против Ј.К. (46) од Скопје поради сомнение за „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“.

Според МВР, пријавениот во 2024 година, како администратор на Фејсбук-страница, неовластено објавувал епизоди од телевизиска серија. Ексклузивните права за нејзино емитување, врз основа на претходно склучен договор, биле отстапени на телевизиска куќа.

Телевизијата го пријавила случајот до Основното јавно обвинителство Скопје. Во пријавата било наведено дека скопјанецот, користејќи го својот Фејсбук-профил за управување со страницата, меѓу други серии, филмови и документарци, објавувал и епизоди за кои немал соодветни права.

Постапувајќи по наредба на Обвинителството, полициските службеници го повикале на информативен разговор и привремено одзеле електронски уред во негова сопственост.

Од МВР наведуваат дека со форензичката анализа на уредот биле потврдени наводите од пријавата и од исказот даден за време на разговорот.

Кривичната пријава е доставена до Основното јавно обвинителство Скопје и се однесува на дела предвидени во членовите 157 и 157-б од Кривичниот законик.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран