
Дваесет и седумгодишниот А.М. од Скопје вчера во 18:20 часот бил лишен од слобода на подрачјето на Драчево, по повеќе пријавени напади и оштетување автомобил.
Според полицискиот билтен, тој најпрво физички нападнал неколку патници и возачот во автобус. Притоа се обидел да му го одземе мобилниот телефон на возачот.
Потоа излегол од автобусот и оштетил патничко возило. Кога пристигнале полициските службеници, физички ги нападнал и нив, наведуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.























