
Само 17 години имала девојката чие изгорено тело вчера било пронајдено во запален автомобил во Богданци.
Според неофицијалните информации до кои дојде Сител, истрагата се сомнева дека малолетничката била убиена од нејзиното 21-годишно момче, кое исто така било пронајдено мртво во близина на возилото.
Според непотврдени информации, момчето си го одзело животот со бесење. Засега не е познато под какви околности починала девојката, а поради состојбата во која било пронајдено нејзиното тело, повеќе одговори се очекуваат од обдукцијата и вештачењата.
Според информациите до кои дојде Сител, 17-годишната девојка подолг период била жртва на насилство од страна на своето момче. На почетокот на минатиот месец таа го пријавила во полиција, по што 21-годишникот бил приведен.























