
Педесетгодишниот М.З. од селото Пчиња бил приведен пред банка во Куманово, откако, според МВР, бил затекнат при извршување кривично дело „затајување“.
Полициски службеници го привеле на 2 ноември околу 10:30 часот, на улицата „Иво Лола Рибар“.
Според полициските информации, тој им нудел помош на граѓаните при подигнување пари од банкомат, а потоа ја искористувал нивната невнимателност и задржувал дел од подигнатите средства.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.























