
Дваесет и деветгодишна жена пријавила дека била вознемирувана во приватна здравствена установа на подрачјето на скопската општина Карпош.
Според полициските информации, случајот бил пријавен на 2 ноември во 20:40 часот во СВР Скопје. Жената навела дека лицето Д.Н. ја допирало по телото и ја вознемирувало.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.























