УТРО.мк

Проданоски: 82 години слободен Прилеп – да градиме град во кој младите ќе гледаат иднина

Проданоски: 82 години слободен Прилеп – да градиме град во кој младите ќе гледаат иднина
Vero

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и повеќе можности за граѓаните.

Во честитката, Проданоски потсети дека повеќе од 8.000 прилепчани учествувале во Народноослободителната борба, 650 ги положиле своите животи, а 15 сограѓани биле прогласени за народни херои.

„Зад овие бројки стојат човечки судбини, семејства и неизмерна љубов кон слободата и татковината. Нивната храброст и саможртва се дел од темелите врз кои почива нашиот град и наследство што имаме должност да го чуваме“, истакна Проданоски.

Тој нагласи дека, 82 години по ослободувањето, почитта кон минатото треба да биде придружена со одговорност кон иднината на Прилеп.

„Да градиме град во кој младите ќе гледаат перспектива, во кој трудот ќе се вреднува и во кој секој сограѓанин ќе има причина да биде горд на своето родно место“, порача градоначалникот.

Празничната програма вечерва продолжува во НУЦК „Марко Цепенков“. Во 18:00 часот, во Ликовната галерија, ќе биде отворена изложба од меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2026“, со претставување на процесот на создавање монументални метални скулптури наменети за јавните простори во градот.

Во 18:30 часот, во фоајето, ќе биде отворена изложбата на документи и фотографии „Прилеп по 1945 – Години на промени и развој“, подготвена од Државниот архив – Одделение Прилеп.

Во 19:00 часот ќе започне свеченото доделување на традиционалните награди „3 Ноември“, наменети за поединци и институции што со своите постигнувања оставиле значаен белег во градот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран