УТРО.мк

Мицкоски: Го прошируваме партнерството со Германија во економијата, образованието и здравството

Мицкоски: Го прошируваме партнерството со Германија во економијата, образованието и здравството
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамките на посетата на Германија, остварил работна средба со премиерот на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Хендрик Вуст. Во фокусот биле досегашната соработка и можностите за нејзино продлабочување, особено во економијата и инвестициите.

На средбата присуствувале и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Според Мицкоски, германските компании „Костал“, „Кромберг и Шуберт“, „ВИК“ и „Гересхајмер“, кои веќе работат во Македонија, се пример за потенцијалот за привлекување дополнителни инвестиции.

Соговорниците изразиле задоволство од спроведувањето на заедничката Декларација за намери за соработка. Документот ги опфаќа економијата, инвестициите, образованието, културата и здравството, како и поддршката за европската интеграција на Македонија.

Мицкоски ја истакнал и подготвеноста на Вуст да ја посети Македонија, оценувајќи дека тоа би било дополнителна можност за унапредување на партнерството.

„Продолжуваме да градиме силни партнерства, да привлекуваме нови инвестиции и да ги отвораме вратите за економски развој и нови можности за нашата држава“, порача премиерот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран