УТРО.мк

Што се случува со заштедите ако банка ја изгуби дозволата? Еве колку може фондот да обесштети

Што се случува со заштедите ако банка ја изгуби дозволата? Еве колку може фондот да обесштети
Vero

Фондот за осигурување на депозити располага со 25 милијарди денари, односно околу 406,5 милиони евра, наменети за обесштетување на штедачите доколку банка или штедилница ја загуби дозволата за работа.

Според одговорите од Фондот пренесени во објавата, максималниот износ на обесштетување на депозитите на физички лица изнесува 30.000 евра во денарска противвредност.

„Паричните средства на ФОД во моментот изнесуваат 25 милијарди денари. Максималниот износ на обесштетување на депозитите на физички лица изнесува 30.000 евра во денарска противвредност“, наведуваат од институцијата.

Од Фондот појаснуваат дека воведувањето привремена администрација или ограничувањето на работењето на банка не значи автоматско активирање на исплатата.

За да започне обесштетувањето, потребно е гувернерот на Народната банка да ја одземе дозволата за основање и работа на банката или штедилницата, согласно Законот за банки.

Појаснувањето доаѓа во услови на загриженост кај клиентите на Алта банка АД Битола, во која Народната банка воведе привремена администрација.

Според Народната банка, Алта банка продолжува да работи, не е во стечај и не ѝ е одземена дозволата. Мерката е насочена кон заштита на средствата на клиентите и зачувување на стабилноста на банката до разрешување на сопственичката состојба.

Оттука, според наведените услови, привремената администрација во Алта банка сама по себе не го активира механизмот за обесштетување преку Фондот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран