УТРО.мк

Голема акција утрово во Македонија – падна познат криминалец

Голема акција утрово во Македонија – падна познат криминалец
Vero

Засиленото присуство на полициски специјалци утрово на улиците во Куманово, според неофицијални информации, е најава за поголема полициска акција во која Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност разоткрива организирана криминална група, составена од лица добро познати на кумановската криминална сцена.

Станува збор за група која, според сомневањата на истражните органи, подолг временски период дејствувала на подрачјето на Куманово и пошироко, користејќи насилство, закани и уцени, а се занимавала со изнуда, лихварство, како и перење пари и други приноси од казниви дела.

Според неофицијалните информации, за организатор на групата се сомничи лице со прекар Штука, а меѓу нејзините припадници се и други лица од Куманово. Во рамки на акцијата, покрај на повеќе локации поврзани со осомничените, под лупа на истражните органи се и нотарска канцеларија и менувачница, каде што се проверуваат можни поврзаности со истражуваните криминални активности.

Неофицијално, при досегашните претреси се пронајдени парични средства, возила и документација.

Акцијата е резултат на подолготрајна оперативно истражна работа на полициски истражители, во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, насочена кон разоткривање и сузбивање на криминални структури кои подолг период ја загрозуваат безбедноста и преку насилство и други криминални активности остваруваат противправна материјална корист

Извор: newz24live

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран