УТРО.мк

ЕУ губи околу 59 милијарди евра годишно поради префрлање профит во даночни оази

ЕУ губи околу 59 милијарди евра годишно поради префрлање профит во даночни оази
Vero

Земјите од Европската Унија губат околу 59,3 милијарди евра годишно во даночни приходи затоа што компании пријавуваат дел од добивката во јурисдикции со пониски даноци. Најголеми загуби се проценети во Франција и Германија, кои заедно сочинуваат 42 отсто од вкупниот износ.

Проценката е на организацијата „Такс џастис нетворк“ и е објавена на 5 ноември, заедно со ажурираниот индекс на корпоративни даночни оази, пренесува „Еуроњуз“. Анализата се заснова на податоци од 2022 година, последната година за која биле достапни релевантни бројки.

Годишните загуби на Франција се проценуваат на 13,1 милијарда евра, а на Германија на 11,8 милијарди. Следуваат Шпанија со 4,8 милијарди, Полска со 4,7 милијарди и Белгија со 4,1 милијарда евра. Проценетите загуби во Италија, Холандија и Луксембург надминуваат три милијарди евра по земја.

Околу осум милијарди евра, или 13,6 отсто од вкупните проценети загуби на ЕУ, се поврзуваат со Обединетото Кралство, неговите прекуморски територии и териториите зависни од британската круна. Франција има најголеми загуби поврзани со оваа мрежа, околу 2,8 милијарди евра годишно, а Германија следува со околу 1,4 милијарда.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран