На патеката кон Средно Водно во Скопје синоќа бил откриен дрвен отпад сомнително натрупан на едно место, што веднаш предизвикало сомнежи за можен обид за подметнување пожар.
Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен на 25 јули 2025 година во 03:26 часот, откако граѓанин забележал натрупани гранки, дрвен отпад и хартиени кеси – потенцијален материјал за потпалување. Инцидентот се случил претходната вечер околу 22:55 часот.
Полицијата веднаш излегла на терен и извршила увид, а пронајдениот материјал бил документиран. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Останува отворено прашањето – дали некој се обидел намерно да предизвика пожар во едно од омилените излетнички места на скопјани? Истрагата ќе покаже.