Општина Кисела Вода е меѓу најтранспарентните општини во Македонија, според најновото истражување на Центарот за економски анализи (ЦЕА) за буџетска и даночна транспарентност за периодот 2024–2025 година.
Во објавениот извештај, Кисела Вода се рангира во групата од десет општини кои добиле максимален број индексни поени за буџетска транспарентност. Истовремено, општината е истакната и како една од најотворените кон граѓаните во делот на даночната транспарентност, со јасни информации и постојана достапност на податоци поврзани со локалните даноци.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека овие резултати се доказ за чесното и посветено управување со општината. „Од првиот ден работиме по начелата на транспарентност, отчетност и чиста работа. Преку отвореност создадовме доверба, а преку довербата – напредок и економски развој“, истакна тој.
ЦЕА во извештајот наведува дека критериумите за оценување вклучуваат достапност на буџетски документи, постоење на граѓански буџет, редовно известување и вклученост на јавноста во креирањето на локални политики.
Кисела Вода, според Ѓорѓиевски, продолжува да биде пример за модерно, транспарентно и одговорно локално владеење.
