УТРО.мк

Меџити најавува жестока трка во Чаир: Ако ДУИ настапи со Бујар Османи, ВЛЕН ќе одговори со фигура од ист калибар

Меџити најавува жестока трка во Чаир: Ако ДУИ настапи со Бујар Османи, ВЛЕН ќе одговори со фигура од ист калибар
Vero

Првиот вицепремиер и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, упати јасно предупредување за претстојните локални избори, кои се очекува да се одржат на почетокот на октомври.

Во интервју за „Канал 5“ со новинарот Александар Видиновски, Меџити истакна дека доколку ДУИ реши да го кандидира поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи за градоначалник на општина Чаир, ВЛЕН ќе одговори со кандидат од исто политичко ниво.

„Ако ДУИ излезе на локалните избори со потпретседател на партијата, ВЛЕН ќе одговори со кадар од ист калибар“, рече Меџити, најавувајќи дека битката за Чаир ќе биде една од најжестоките во земјава.

Оваа изјава доаѓа во период кога шпекулациите за можните кандидати за градоначалници се интензивираат, а Чаир се смета за една од најстратешките општини за вкупната политичка сила на албанските партии во Северна Македонија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран