Дали ќе се кандидира за градоачалник на општина Чаир, дали дербито на овие локални избори ќе биде во Чаир меѓу Бујар Османи и Изет Меџити, што ќе им понуди на граѓаните доколку се кандидира, бидејќи таму има големи проблеми кои се актуелизираа последниов период, во Вести плус на Канал 5 телевизија попладнево одговараше вицепремиерот и министер за локална самоуправа Изет Меџити.
Тој посочи дека како ВЛЕН деновиве ги очекуваат резултати од анкетите и тие ќе дадат ориентација кој каде ќе биде кандидат, но не ја исклучи можноста тој да се кандидира за градоначалник на општина Чаир.
– Не ја исклучувам таа опција. Тие што ги познаваат приликите и околностите, гледаат дека Али Ахмети и ДУИ се дават, бидејќи немаат луѓе кои да истрчаат на овие локални избори. Од 15 општини со мнозинско албанско население, 8 ги дадоа на Алијансите, а тие ќе задржат седум (7) кандидати за градоначалници. Од сегашните околности каде ДУИ раководи со 11-12 општини, веќе паѓаат на седум. ДУИ сака на овие локални избори да не се зборува за локални политики, туку се што можат дават за да си ја спасат кожата, изјави Меџити.
Запрашан што е со Висар Ганиу, зошто повоторно не оди за градоначалник, Меџити одговори дека не прејудицира кој ќе биде кандидат за градоначалним на општина Чаир.
– Ги чекаме анкетите и ќе пресечеме кој ќе биде. Јас не прејудуцурам кој ќе биде. Очекуваме официјално кои ќе бидат кандидатите од ДУИ и врз основа на тоа ќе одговориме со соодветни кандидати. Ако ДУИ оди со кандидат кој е потпретседател на партијата, кандидат за шеф на државата, министер за надворешни, ние ќе одговориме со соодветна артилерија, изјави вицепремиерот Меџити.
Во врска со инцидентот со градоначалничката Арсовска и извесен командант Барути, Меџити вели дека ќе остават на истрагата и правдата да си го кажат своето, а дел од постапката се и видео снимките од инцидентот.
– Не е точно дека се работи за командант Барути, неговото име е Џемаил Ламалари. Се работи за брат му, кој не е командант, кој работел во Паркови и зеленило и на кого, од политички побуди, градоначалничката Данела му поништила решение за работен однос, за по 3-4 дена да му дојде пред домот.
Но, ова само покажува до кое дереџе е дојдена ДУИ. Жално е што ДУИ дојде до дереџе во кое се крие зад Данела во Чаир. Таа е искористена и злоупотребена од Блерим Беџети и другите. Наместо да се знимава во градот, со јавните претпрјатија каде немаат плати, со чистотата, таа не се занимава со градот, се заминава само со Чаир.
Знам зошто ДУИ не реагираат за дивоградбите, бидејќи и посочениот кандидат и екс министер Бујар Османи живее во дивоградба и затоа не може тој да зборува за дивоградбите, нема морална можност за тоа, туку се кријат зад Данела, да ја искористат во текот на кампањата, посочи Меџити.
Решението за дивоградбите кои ги има во сите општини, според него, треба да биде системско, а за да нема такви треба да се олеснат процедурите за легална градба.
– Како што зборува градоначалничката Данела, треба да се уриваат домовите на стотици семејства, потоа да се оди по судови што нема да даде решение. Таа нема морално право да зборува за нешто, бидејќи 4 години нема направено ништо за општина Чаир.
Ние како влада обезбедивме 8 милиони евра да се тера проектот Цветан Димов, немаше волја од нејзина страна.
Во моментов, таа покажува дека е антиалбански настроена и контра Чаир, бидејќи од Владата обезбедени се над 20 милиони евра, да се реши главниот проблем на Старата скопска чаршија. Тоа се средства за подземна гаража на плоштадот Скендербег со 400 паркинг места, но таа не дава мислење од Град Скопје за да се реализира тој проект.
Таа не се занимава со дивоградбите во Центар, во Гази Баба, во другите општини, зошто не се бави со нејзиниот партнер во власта во град Скоје каде водат три јавни претпријатија заедно, а има договор за интелектуални услуги за синот на Блерим Беџети кој има 17 години? Зошто не се бави со Сарај, ја повикавме дека се гради во СРЦ Сарај, во паркот и никој не знае што се гради таму.
Ако некаде има дивоградби, и каде што е оштетен буџетот на град Скопје и на општина Сарај, тоа е Сарај каде што се легализирани по 1 евро и колективните градби. Тука се поставува прашањето дали ги делат парите со Беџети или што прават?
Чаир е 6-та општина во Скопје по број на дивоградби, Јас би ја разбрал градоначалничката да излезеше во првата, втората, третата и сите други општини каде има дивоградби, па и во Чаир.
А таа е цело време фокусирана на Чаир, а ги има дивоградбите насекаде. Тоа покажува дека сработува за ДУИ, а од кои причини- таа треба да објасни, вели Меџити.
Изет Меџити вели дека на овие локални избори очекува во опозицијата се поддржуваат меѓусебе, бидејќи на ниво на град Скопје веќе имаат соработка ДУИ со Левица и СДСМ. Тој најави дека ВЛЕН ќе има свој кандидат за градоначалник на Кичево, за кој верува дека ќе биде победникот.
Запрашан дали е поразително за градот и за државата при огромен спортски настан Македонија да биде мета на исмејување поради нечистотијата и дивите депонии, Меџити посочи дека владата секогаш излегувала во пресрет да помогне на локалната самоуправа, во многу наврати, кога било побарано.
– Ние како влада интервенираме кога има проблем, како со интервениравме со нафта за ЈСП, да беше побарана помош ќе делувавме веднаш, никој не побара помош, вели Меџити, посочувајќи дека сето ова е во надлежност на општините.
– Тоа е надлежност на општините и градот Скопје, и за дивите депонии. Како влада земавме заем од ЕБРД од 125 милиони евра за решавање на депониите, да се организираат во 5 регионални депонии, некаде е почнато да се гради, некаде ќе почне. Ние веќе индиректно помагаме, делиме возила, канти, опрема која ќе им користи на општините, одвоивме 116 милиони денари за руралните средини да се надмине проблемот со нечистотијата, вели Меџити.
Напоменува дека владата стратешки работи за долгорочно одржливо решение за проблемите со депониите.
– Тоа го кажувам, стратешки работиме на ова, 2 милиони евра се одвоени за рурални општини каде ќе се подигнат нивните капацитети, 10 милиони денари за отстранување на депониите во Никуштак и Кочани, а 30 милиони денари се обезбедени со ребалансот за чистење на дивите депонии, иако се под ингеренции на општините. Првите резултати ќе ги видиме во следните 2-3 недели, вели вицепремирот Изет Меџити.
Тој напомена дека сите сакаат да се острани ѓубрето, но никој не сака во својот дел да исчисти. Вели дека регионалните депонии мора да бидат изградени, по стандарди кои нема да бидат штетни по здравјето на луѓето и животната средина.