УТРО.мк

Утре без вода делови од Гази Баба и Центар – еве кои улици се зафатени

Утре без вода делови од Гази Баба и Центар – еве кои улици се зафатени
Vero

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре ќе има прекин во водоснабдувањето на две локации во главниот град, поради изведување на приклучоци и санација на дефекти.

Во општина Гази Баба, од 8:00 часот наутро без вода ќе останат Универзитетот ФОН и зградите спроти него, поради приклучување на нов водоводен систем на улицата „Индустриска“ 1/27.

Во општина Центар, пак, прекин во водоснабдувањето ќе има од 9:00 часот, и тоа на улицата „Ленинова“, во делот од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до улицата „Никола Тримпаре“. Причината за прекинот е промена на вентил во шахта на адреса „Ленинова“ бр. 73.

Од претпријатието информираат дека водоснабдувањето ќе биде повторно воспоставено веднаш по завршување на работите и санирањето на дефектите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран