УТРО.мк

Меџити: Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ ќе стане нов културен симбол на Скопје

Меџити: Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ ќе стане нов културен симбол на Скопје
Vero

Скопје, градот на културата, ова лето ќе добие нова значајна културна манифестација. По иницијатива на Општина Чаир, од 23 до 26 јули за првпат ќе се одржи Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, кој има за цел преку музиката, уметноста и културата да ги оживее историските простори на Старата скопска чаршија.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека фестивалот е нова можност за афирмација на културното наследство и за промоција на Чаир како важен културен центар.

„Фестивалот ‘Чаршија’ е создаден со амбиција да прерасне во традиционална манифестација и да стане една од најзначајните културни случувања во државата и регионот, потврдувајќи ги Чаир и Старата скопска чаршија како место каде што се среќаваат уметноста, традицијата и културниот дијалог“, порача Меџити.

Концертите ќе се одржуваат во Сули ан и Куршумли ан, а уметнички раководители на фестивалот се светски познатата оперска дива Ива Мула и сопранистката Дешира Ахмети.

Во текот на четирите фестивалски вечери публиката ќе има можност да ужива во концерти на класична и камерна музика, гала оперски настапи, како и изведби на албанска музика од реномирани домашни и странски уметници. Фестивалот има за цел да стане препознатлив културен белег на Скопје и да ја збогати културната понуда на главниот град.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin