УТРО.мк

(ВИДЕО) Драма во Грција: Воен Ф-16 принудно слета на Закинтос и се запали

(ВИДЕО) Драма во Грција: Воен Ф-16 принудно слета на Закинтос и се запали
Vero

Грчки борбен авион Ф-16Ц денеска изврши принудно слетување на Меѓународниот аеродром на островот Закинтос, по што избувнал пожар кој брзо бил локализиран од противпожарните служби. Според информациите на грчките медиуми, пилотот е неповреден.

Авионот, кој припаѓа на 116-тото борбено крило на грчките воздухопловни сили, полетал од воздухопловната база Араксос, во близина на Патра. Набргу по полетувањето, пилотот пријавил технички проблем и можен пожар, по што веднаш ги известил Националниот центар за воздушни операции, Командата за тактичко воздухопловство и базата од која полетал.

По добиените инструкции, авионот бил пренасочен кон аеродромот на Закинтос, каде што успешно извршил принудно слетување. Според првичните информации, пожарот избувнал по слетувањето, а противпожарните екипи веднаш интервенирале и го изгаснале огнот.

На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како пожарникарите го гаснат пламенот што го зафатил авионот на пистата.

Поради инцидентот, аеродромските служби биле ставени во состојба на највисока готовност, а воздушниот сообраќај на аеродромот бил привремено прекинат, при што дел од летовите биле откажани или одложени.

Според досегашните информации, причината за принудното слетување е технички дефект. Во дел од медиумските извештаи се споменува можен проблем со опремата за слетување, но засега нема официјална потврда за точната причина.

Надлежните грчки служби најавија дека ќе спроведат детална истрага за да ги утврдат околностите што довеле до инцидентот, откако пожарот целосно беше изгаснат и авионот беше обезбеден за технички преглед.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin