УТРО.мк

Хорор на плажа во Грција: Опасна „риба-зајак“ нападна жена и ја гризна за вратот

Хорор на плажа во Грција: Опасна „риба-зајак“ нападна жена и ја гризна за вратот
Vero

Несекојдневна и драматична сцена се случила на плажа во Патра, Грција, каде 64-годишна жена била нападната од опасна морска риба додека се капела во морето.

Според нејзиното сведоштво, таа мирно влегла во водата кога почувствувала силен удар и остра болка. Кога се свртела, забележала необично суштество кое го опишала како риба со „глава како зајак“.

Станува збор за инвазивниот вид Lagocephalus sceleratus, познат како риба-зајак или сребреногрб фугу, кој во последните години се шири низ Средоземното Море.

Жената била касната во пределот на вратот, а повредата била опасно блиску до каротидната артерија. По нападот, присутните веднаш повикале помош и таа била пренесена во медицинска установа, каде лекарите ја обработиле раната, ѝ дале вакцина против тетанус и антибиотска терапија.

„Одеднаш видов нешто како доаѓа кон мене. Само што реков ‘што е ова’, ме касна за вратот. Го тргнав од себе и сфатив дека крварам“, раскажала жената.

Овој вид риба е познат по своите силни заби со кои може да нанесе сериозни повреди. Дополнителна опасност претставува и фактот што нејзиното месо содржи тетродотоксин – исклучително силен природен отров, поради што не смее да се јаде.

Во Грција во последниот период се зголемува загриженоста поради ширењето на рибата-зајак. Според податоците од грчките служби за следење на морските видови, таа се шири низ источниот Медитеран и е сè почеста во грчките води.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin