УТРО.мк

Полицијата апсеше – Со закани изнудувал пари од 18-годишна девојка

Полицијата апсеше – Со закани изнудувал пари од 18-годишна девојка
Vero

Полицијата приведе 40-годишен жител на Пробиштип, осомничен дека со закани во два наврати изнудил пари од 18-годишна девојка.

Како што информираат од МВР, на 07.07.2026 година во 22:25 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Ј.Ј.(40) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава.

Според пријавеното, лицето со закани ја принудило 18-годишната девојка од Пробиштип да му даде пари, што се случило во два наврати.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin