
Општина Тетово упати апел до сопствениците на хаварисани и нефункционални возила кои подолг период се оставени паркирани на јавни површини да ги отстранат.
Од локалната самоуправа информираат дека доколку сопствениците не постапат по барањето, Општинскиот инспекторат ќе преземе мерки за нивно отстранување, согласно законските надлежности и предвидените процедури.
Целта на акцијата е ослободување на јавните површини, подобрување на изгледот на градот и спречување на оставање напуштени возила кои го попречуваат нормалното користење на просторот.

















