УТРО.мк

Општина Битола: Се асфалтира улицата „Леринска“, инвестиција од речиси 7 милиони денари

Општина Битола: Се асфалтира улицата „Леринска“, инвестиција од речиси 7 милиони денари
Vero

Во Битола во тек е асфалтирањето на улицата „Леринска“ и крак од улицата „Христо Узунов“, во рамки на проектот за реконструкција на уличната мрежа. Претходно на оваа локација беше изградена мешовита фекална и атмосферска канализација, како и приклучоци за домовите.

Увид во градежните работи денеска изврши градоначалникот Тони Коњановски заедно со одговорните лица за реализација на проектот.

Според информациите од Општина Битола, реконструкцијата опфаќа делница со должина од околу 206 метри, при што се поставува асфалт со дебелина од 7 сантиметри. За реконструкција на коловозот се издвоени 4.004.100 денари, додека за изградбата на канализациската мрежа се инвестирани 2.872.960 денари.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Битола.

Од локалната самоуправа посочуваат дека со оваа инвестиција се подобруваат условите на уличната инфраструктура и се овозможува поквалитетен пристап за жителите. Воедно најавуваат дека ќе продолжат со реализација и на други инфраструктурни проекти во согласност со годишната програма за работа.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin