УТРО.мк

Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото

Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото
Vero

Затоа денес е важно да постои доверба дека процесот ќе продолжи според истите правила што важат и за сите други кандидати и за сите држави коишто биле кандидати“, потенцира Мицкоски.

Денес се одржа заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и европскиот комесар за проширување, Марта Кос во Медиа центарот на Владата.

– Денешната средба и посета претставува можност за отворен, искрен и суштински разговор за нашата европска перспектива. За Реформите што ги спроведуваме и за потребата процесот на прошитување да остане доследен врз принципите врз кои е изградена Европската Унија, доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат. Изминатиов период од две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа што се мери преку резултати, преку институционални промени, преку економски показатели и преку создавање на подобри услови за живот на граѓаните, изјави Мицкоски.

Во обраќањето премиерот Мицкоски ја истакна важноста кон исполнување на целите.

-Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна јавна администрација, конкурентна економија и амбиент што ќе ја зајакне довербата на граѓаните кај инвеститорите, рече премиерот.

„Тоа не го правиме затоа што некој тоа го бара од нас, туку затоа што веруваме дека тоа е единствениот исправен пат за развој на нашата татковина и за создавање стабилни институции кои ќе можат да одговорат на потребите на сегашните и на идните генерации.

Во тој процес ја цениме поддршката што ја добиваме од Европската комисија, како и стручната и финансиската помош што придонесува реформите да се реализираат побрзо и поквалитетно.

Истовремено, очекуваме европската интеграција да остане процес кој се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформските обврски, а не процес кој ќе биде оптоварен со билатерални прашања што создаваат неизвесност кај македонските граѓани.

Граѓаните со години покажуваат јасна определба за европската идеја. Во тој период беа донесени тешки одлуки, беа преземени сериозни обврски и беа направени значајни чекори со уверување дека секој исполнет критериум ќе биде вреднуван на објективен и предвидлив начин. Затоа денес е важно да постои доверба дека процесот ќе продолжи според истите правила што важат и за сите други кандидати и за сите држави коишто биле кандидати“, потенцира Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потврди дека определбата останува непроменета.

-Ќе продолжиме со реформите, ќе ја зајакнуваме економијата, институциите и владеењето на правото, затоа што тоа е во интерес на граѓаните и затоа што европските вредности ги разбираме како вредности што треба да бидат дел од секојдневното функционирање на институциите.

Истовремено, остануваме доследни на ставот дека секое трајно решение треба да биде засновано врз заемно почитување, заштита на националното достоинство и јасна, предвидлива европска перспектива.

Верувам дека денешните разговори ќе придонесат за подобро меѓусебно разбирање и за натамошно зајакнување на партнерството со Европската Унија, засновано врз доверба, почитување и заедничка одговорност за стабилноста и просперитетот на регионот, поенцира премиерот Мицкоски на заедничка прес-конференција со европскиот комесар за проширување, Марта Кос.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin