УТРО.мк

Меџити: Летото не е сезона за одмор од проектите, работиме забрзано на улиците во Чаир

Меџити: Летото не е сезона за одмор од проектите, работиме забрзано на улиците во Чаир
Vero

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека летниот период се користи за забрзување на инфраструктурните проекти и завршување на работите со што помалку пречки за граѓаните.

„Летото не е сезона за одмор од проектите. Напротив, тоа е период кога се работи уште повеќе“, истакна Меџити, додавајќи дека намалениот сообраќаен интензитет се користи за побрзо одвивање на градежните активности.

Како пример ја посочи улицата „Ферид Мурат“ во Чаир, каде што, според него, работите продолжуваат без прекин.

„Градот не се гради со зборови, туку со работа што се гледа и со резултати што остануваат“, порача Меџити.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin