
Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и најави дека базенот наскоро ќе биде отворен.
Според Меџити, проектот претставува инвестиција од околу еден милион евра, наменета за децата, кои ќе имаат можност да учат пливање, да го развиваат својот талент и да спортуваат.
„Овој проект го ветивме во кампањата, го вклучивме во програмата и денес го претвораме во реалност. Ги исполнуваме сите ветувања, едно по едно“, истакна Меџити.
Тој порача дека довербата добиена од граѓаните ја преточуваат во работа, инвестиции и реализирани проекти.
„Ова е уште едно исполнето ветување. Продолжуваме, затоа што Чаир заслужува уште повеќе“, нагласи Меџити.























