
Деведесетгодишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен при размена на пари во Тетово, откако за 3.000 денари добил банкнота од 50 евра за која подоцна забележал дека е фалсификувана.
Според пријавата, на 7 октомври едно лице му се приближило и побарало да му размени 50 евра. Тој му дал 3.000 денари, а за возврат ја добил банкнотата. Дури по враќањето дома забележал дека таа е фалсификувана.
Случајот го пријавил на 8 октомври во 14 часот во Полициското одделение Теарце. Се преземаат мерки за негово расчистување.























