УТРО.мк

Проданоски: Учениците од „Ѓорче Петров“ ми подарија знаме изработено со љубов кон татковината

Проданоски: Учениците од „Ѓорче Петров“ ми подарија знаме изработено со љубов кон татковината
Vero

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски.

Знамето е едно од трите што ги изработиле учениците, а Проданоски најави дека ќе го постави на посебно место во својот кабинет.

„Горд сум на нашите млади кои преку ваквите дела ја покажуваат својата почит кон националните симболи и македонската историја“, истакна Проданоски.

Тој им се заблагодари на учениците за подарокот и за пораката што ја испраќаат, нагласувајќи дека знамето е создадено со многу труд, креативност и љубов кон татковината.

„Нека е вечна Република Македонија!“, порача градоначалникот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран