УТРО.мк

Снимката го откри прекршокот: МВР го пронајде возачот кој го блокираше сообраќајот во Скопје

Снимката го откри прекршокот: МВР го пронајде возачот кој го блокираше сообраќајот во Скопје
Vero

МВР го идентификуваше сопственикот на автомобилот „голф“ кој на 5 октомври го попречувал сообраќајот на една од прометните крстосници во центарот на Скопје.

Случајот стана актуелен откако на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа како патничко возило го попречува движењето на останатите учесници во сообраќајот.

Станува збор за крстосницата меѓу улиците „11 Октомври“, „Даме Груев“ и „Филип Втори Македонски“.

По објавувањето на снимката, полициските службеници презеле мерки за утврдување на сопственикот и расчистување на случајот.

Од МВР информираат дека на 7 октомври во СВР Скопје бил повикан Н.В., сопственик на автомобилот „голф“ со скопски регистарски ознаки.

Против него се преземени соодветни мерки согласно член 3 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Со тоа, полицијата го расчистила случајот со возилото кое го попречувало сообраќајот на фреквентната скопска крстосница.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран