УТРО.мк

Николоски: Македонија се движи кон рекордни 4 милиони патници на аеродромите

Николоски: Македонија се движи кон рекордни 4 милиони патници на аеродромите
Vero

Авиосообраќајот во Македонија продолжува да бележи значителен раст, а годинава бројот на патници на двата аеродроми би можел да достигне 4 милиони, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Според него, растот е резултат на политиката за субвенционирање на авиолиниите, која е креирана во 2024 година, а почна да се применува една година подоцна.

Николоски посочи дека трендот на зголемување на бројот на патници продолжува и во текот на летниот период. Во јули авиосообраќајот бил зголемен за 21 отсто во однос на истиот месец во 2025 година, додека во август растот достигнал 31 отсто.

„Кога бевме избрани, вкупната фреквенција на сообраќај на двата аеродроми заедно беше некаде околу 2 милиони и 400 илјади. Јас очекував до крајот на првиот мандат на оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ некаде околу 3,2 – 3,3 милиони патници, а веќе стигнавме за една година на 3 милиони патници и оваа година е само прашање на среќа, буквално на десеттина илјади патници, дали ќе стигнеме до 4 милиони патници“, изјави Николоски.

Тој нагласи дека остварувањето на оваа бројка би било значаен резултат, имајќи предвид дека Македонија има околу 1,8 милиони жители.

Николоски оцени дека со продолжувањето на позитивниот тренд, двата македонски аеродроми би можеле да достигнат 4 милиони патници годишно.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран