
Работниците во приватниот сектор и годинава имаат право на регрес за годишен одмор, популарно познат како К-15. Работодавачите имаат обврска исплатата да ја реализираат најдоцна до 31 декември.
За 2026 година, минималниот износ на регресот е околу 19.116 денари, а точната сума зависи од просечната нето-плата исплатена во периодот кој се зема предвид за пресметката.
Право на К-15 имаат работниците кои во текот на календарската година биле вработени кај ист работодавач најмалку шест месеци непрекинато.
Регресот не е однапред утврден како фиксна сума. Според правилата, тој треба да изнесува најмалку 40 отсто од просечната месечна нето-плата по работник во државата, исплатена во последните три месеци пред месецот во кој се врши исплатата.
Работодавачот може да исплати и повисок износ доколку тоа е предвидено со колективниот договор или доколку се исполнети условите за исплата на повисок регрес.
За непочитување на обврската за исплата на К-15 се предвидени парични санкции. Казни може да следуваат и доколку работникот биде присилен да го врати веќе исплатениот регрес во готовина.
За ваквото постапување, покрај другите санкции предвидени со закон, може да следува и затворска казна до една година.























