УТРО.мк

Акција низ цела Македонија: 34 возила за јавен превоз веднаш исклучени од сообраќај

Акција низ цела Македонија: 34 возила за јавен превоз веднаш исклучени од сообраќај
Vero

МВР спроведе засилена акциска контрола на автобуси и други возила што вршат јавен превоз на патници, при што за само пет часа биле констатирани неправилности кај 92 возила.

Контролите биле спроведени денеска од 08:00 до 13:00 часот на територијата на целата држава. Вкупно биле проверени 405 автобуси и други возила за јавен превоз.

Од контролираните возила, 170 биле упатени на технички преглед, додека 34 биле исклучени од сообраќај поради утврдени неисправности.

МВР информира дека во текот на акцијата биле поднесени и три кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик, а едно возило било одземено согласно член 300-б.

Дополнително, биле констатирани 239 прекршоци од друг вид, за кои биле преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Од МВР најавуваат дека продолжуваат со засилените сообраќајни контроли, со цел да се зголеми безбедноста на патниците и сигурноста на јавниот превоз.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран