УТРО.мк

Попоски предупредува: Силен циклон носи невреме и поројни дождови, локално можни и над 200 литри

Попоски предупредува: Силен циклон носи невреме и поројни дождови, локално можни и над 200 литри
Vero

Балканот викендов го очекува значителна промена на временските услови, со пообилни врнежи, грмежи и засилен ветер, предупредува метеорологот Славчо Попоски.

Според неговата прогноза, продорот на студен воздух од северозападна Европа ќе придонесе за формирање на секундарен циклонски систем над Џенова, кој ќе влијае врз времето во поголемиот дел од Балканот.

Промената ќе започне уште во четврток, 8 октомври, а особено нестабилно време се очекува во петок и во текот на викендот, на 10 и 11 октомври.

Попоски прогнозира појава на поројни врнежи, силни грмежи и засилен ветер, а локално не се исклучува ниту град. На подрачјето на Јадранот, според него, постојат услови и за појава на пијавици или торнада.

Најобилни врнежи се очекуваат долж Јадранското приморје, во југозападните делови на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. На овие подрачја локално може да наврнат меѓу 90 и 150 литри дожд на квадратен метар, а на одделни места и повеќе од 200 литри.

Поради интензитетот на врнежите, Попоски предупредува на можност од поројни поплави и апелира граѓаните во погодените региони да бидат внимателни.

Во Македонија, исто така, се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, особено во западните предели. Таму локално може да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар.

Во услови на нестабилна атмосфера можни се пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува ниту појава на локално невреме.

И покрај променливото време, според Попоски, температурите во Македонија во текот на викендот ќе останат релативно високи и не се очекува значително заладување во однос на актуелните температури.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран