УТРО.мк

Василевска: Бугарија мора да ги почитува пресудите од Стразбур

Василевска: Бугарија мора да ги почитува пресудите од Стразбур
Vero

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, оцени дека почитувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во однос на македонското малцинство во Бугарија и натаму претставува значајно прашање.

Во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител, Василевска зборуваше за случувањата во Советот на Европа и обврските поврзани со спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, особено во случајот со регистрацијата на ОМО „Илинден“-Пирин.

Таа посочи дека прашањето било актуелизирано и во рамки на дискусиите во Советот на Европа, при што останало укажувањето дека Бугарија треба да ги исполни обврските што произлегуваат од пресудите на Стразбур.

„Ние ја отвораме темата и укажуваме дека мора да се внимава на исполнувањето на обврските од Судот во Стразбур во однос на регистрацијата на ОМО „Илинден“-Пирин“, рече Василевска.

Според неа, прашањето останува под внимателно следење од страна на македонските претставници и релевантните фактори во Советот на Европа.

„Тоа е навистина горливо прашање за Македонците кои живеат во Бугарија. А Стразбур ќе суди правично, таму не може некој да биде фаворизиран само поради тоа што има повеќе пријатели од некој друг“, истакна Василевска.

Пратеничката додаде дека ОМО „Илинден“-Пирин е под постојан мониторинг, а македонската мисија во Стразбур и другите релевантни институции ја следат ситуацијата.

Во однос на европската интеграција на Македонија, Василевска посочи дека приоритет за владејачкото мнозинство останува исполнувањето на домашните обврски од Реформската агенда.

Таа нагласи дека посебно внимание треба да се посвети на владеењето на правото, реформите во правосудството, високото образование, квалитетот на институциите и достапноста на здравствените услуги.

„За да бидеме навистина дел од овој организам, ние мораме тие домашни задачи да ги завршиме“, порача Василевска.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран