УТРО.мк

Конференција за унапредување на вклучувањето на лицата со попреченост денес во Скопје, присуство на експерти од регионот

Конференција за унапредување на вклучувањето на лицата со попреченост денес во Скопје, присуство на експерти од регионот
Vero

Денес во Скопје се одржува трилатерална конференција која има за цел да ги зајакне правата и учеството на лицата со попреченост во политичкото и економското живеење на регионот. На настанот, финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија, се собираат претставници на релевантните министерства, организации на лица со попреченост, експерти и претставници на приватниот сектор од Македонија, Албанија и Косово.

Конференцијата се фокусира на повеќе клучни цели: поттикнување на активно учество на лицата со попреченост во креирањето на политики и институционални реформи, усогласување на националното законодавство со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, како и зајакнување на регионалната соработка и мрежите за размена на знаење и добри практики.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран