УТРО.мк

Тошковски ги расчисти дилемите за краткото паркирање

Тошковски ги расчисти дилемите за краткото паркирање
Vero

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа појасни дека системот „Safe City“ во моментов не ги санкционира прекршоците за погрешно паркирање и запирање, бидејќи таа функција сè уште не е ставена во функција. 

Тој истакна дека ниту во тест фазата, ниту сега, овој тип на прекршоци не се констатираат, нагласувајќи: „Оценивме дека потребно е да имаме нивелирање од аспект на поставување на сообраќајни знаци, поврзани со погрешно паркирање и запирање“.

Според Тошковски, МВР не сака да брза со казнувањето за да не се направи конфузија и „реално да се оштетат одредени граѓани или правни лица“ кои немаат друг начин како да остварат одредени потреби во градот. 

Тој посочи дека постојат специфични ситуации, како застанување пред аптека во итен случај, каде што мора да се има разбирање. 

„Ако сме се договориле да играме по одредени правила на игра, ние мора да ги почитуваме правилата на игра“, изјави министерот во врска со потребата од јасни протоколи пред активирање на камерите за овој прекршок.

Тошковски најави дека за целосна имплементација е потребна соработка со градските власти. 

„Градското претпријатие треба да донесе одлука каде ќе ја ограничи временската зона за дотур на роба до одредени компании“ и да постави соодветни сообраќајни знаци на позициите каде што има камери. 

Дотогаш, фокусот на полицијата останува на посериозните прекршоци. 

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран