
На граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница кај Дебар, албанската полиција уапсила македонски државјанин кој се обидел да избегне контрола, загрозувајќи ги животите на полициските службеници.
Според соопштението на албанската полиција, лицето Г.К. (42), жител на Македонија, при влез на албанска територија со својот „мерцедес“, бил повикан да премине на втората линија за детална проверка. Тој го одбил барањето и се обидел да побегне со возилото, при што ја загрозил безбедноста на полицајците.























