
ЕВН Електродистрибуција соопшти дека со наод на вешто лице и извршено пребарување во деловен објект, утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница.
Oттаму информираат дека тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побарал спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје.
Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција.
Се работи за деловен објект, поранешен млин, користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини.























