УТРО.мк

Москва губи важен партнер – Како ќе реагира Путин?

Москва губи важен партнер – Како ќе реагира Путин?
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД ќе ги намалат царинските мерки за Индија од 25 на 18 проценти, по постигнат договор со индискиот премиер Нарендра Моди, објави CNN.

Според Трамп, Индија се согласила да престане со купување руска нафта и гас и наместо тоа да се ориентира кон енергетски увоз од САД, а можно и од Венецуела. За возврат, Вашингтон ќе ги олесни трговските услови за индиските производи, додека Индија ќе ги намали своите царини за американската стока на нула.

„Разговаравме за царините и за крајот на војната во Украина. Премиерот Моди се согласи да престане да купува руски гас и нафта и да купува повеќе од САД. Тоа ќе помогне да се стави крај на војната, каде што секоја недела умираат илјадници луѓе“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Царинските мерки од 25 проценти кон Индија беа воведени од страна на САД во текот на 2025 година. Со новиот договор, Трамп најави и почеток на преговори за поширок трговски договор меѓу двете земји.

Индија важи за еден од најважните економски и политички партнери на Русија, особено по почетокот на војната во Украина. Аналитичарите оценуваат дека најавеното откажување од руската енергија претставува сериозен удар за Москва и значајна промена во геополитичката рамнотежа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран