
Утре, 04 февруари 2026 година, најавени се големи и повеќечасовни прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе населени места во Тетово и околината, информираат надлежните служби.
Прекините се планирани поради технички зафати и ќе се одвиваат во различни временски интервали, главно во периодот од 09:00 до 15:00 часот.
Без електрична енергија ќе останат делови од град Тетово, како и населените места Озормиште и Челопек. Во Тетово, прекините ќе ги зафатат објектите на улиците Михајло Рајчевиќ, Ленин, Б. Тоска, како и делови кај Ајдучко Маало, Дреновец и поширокото подрачје околу стариот стадион.
Во Озормиште, прекинот ќе ги опфати објектите од центарот на селото кон крајот, додека во Челопек без струја ќе бидат повеќе индустриски и стопански објекти, меѓу кои млекарници, фарми, млинови и објекти долж патот од село Брвеница кон Челопек, како и реонот околу Цуцуљ и Хелга.
Надлежните апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите обврски и се извинуваат за можните непријатности, со напомена дека прекините се неопходни за подобрување на квалитетот и сигурноста на електродистрибутивната мрежа.























