УТРО.мк

Коњановски: Битола и Пустец ја продлабочуваат соработката преку заеднички проекти

Коњановски: Битола и Пустец ја продлабочуваат соработката преку заеднички проекти
Vero

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА БИТОЛА И ПУСТЕЦ

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски денеска имаа средба со градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, кој е во посета на Општина Битола.

На средбата двајцата градоначалници разменија информации за состојбите во општините, за проектите кои ги реализираат, како и за продолжување на соработката во повеќе области.

Беше нагласена и иницијативата од двете страни, како општините да продолжат да соработуваат и преку прекугранични проекти со европски пари, за што и двете општини имаат искуство во таквата соработка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран