
Завршена е реконструкцијата на фасадата на Основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, со што значително се подобрени условите за учење и работа во оваа образовна установа.
Проектот опфати поставување нова енергетски ефикасна фасада, која обезбедува подобра термоизолација, заштита од влага и намалување на трошоците за енергија. Со реализацијата на зафатот, училиштето доби современ изглед и побезбедна, поздрава и поефикасна средина за учениците и наставниот кадар.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 7.681.331 денари, а средствата се обезбедени од Владата преку Министерството за образование и наука.























