
Македонската делегација, предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, активно учествува на Светскиот самит за влади во Дубаи, еден од најзначајните глобални форуми посветени на иднината на управувањето, економијата и меѓународната соработка.
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, кој ја претставува Македонија на самитот, нагласи дека ова е исклучителна можност за земјата да ги зацврсти своите политички и економски врски на меѓународно ниво. Тој ќе оствари средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула, каде што ќе биде потпишан меѓувладин меморандум за разбирање и соработка во областа на модернизацијата на владата и државната администрација.
Покрај тоа, на самитот се планирани повеќе билатерални средби со високи државни претставници и лидери, насочени кон продлабочување на политичката и економската соработка, како и кон зајакнување на меѓународната позиција на Македонија.























