УТРО.мк

Незаконско приклучување на струја за криптовалути откриено во Бутел

Незаконско приклучување на струја за криптовалути откриено во Бутел
Vero

Во деловен објект на улицата „Бутелска“ се откри тешка кражба на електрична енергија, информираат од Електродистрибуција. Според нив, објектот, кој претходно функционирал како млин, бил незаконски приклучен на трафостаница и користен за напојување на системи за копање криптовалути, поточно биткоин.

Тимот за откривање на неовластено користење на струја, поради сомневање за измама, побарал асистенција од Министерството за внатрешни работи и ангажирал овластено вешто лице. Пребарувањето во објектот потврдило дека незаконското приклучување било извршено преку три нисконапонски кабли директно во трафостаницата, сопственост на Електродистрибуција.

По констатирањето на нарушувањето, составен е записник за неовластено користење на електрична енергија и изготвен е наод и мислење од вешто лице. За случајот е поднесена пријава до МВР според член 235-а од Кривичниот законик, а за нанесената штета изготвена е фактура од 16 милиони денари.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран