
Повеќе од 900 милиони денари назад кај граѓаните: Во тек исплатата за МојДДВ за К4 2025
Управата за јавни приходи информира дека започна исплатата на повратот на ДДВ за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година преку апликацијата МојДДВ.
За периодот К4 – 2025, предвидена е исплата од вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници. Досега, како што соопштува УЈП, реализирани се 184,5 милиони денари, исплатени на сметките на околу 104.000 корисници.
Исплатата продолжува етапно, во зависност од обработката на налозите, при што средствата се префрлаат директно на трансакциските сметки на корисниците на МојДДВ.
Од УЈП посочуваат дека во моментов кај 5.292 корисници е евидентирана погрешно внесена трансакциска сметка, поради што исплатата не може да се реализира.























